Зоран Мирковиќ повеќе не е тренер на фудбалскиот клуб Партизан, објавија српските медиуми.
Партизан, во неделата, загуби од Вождовац 1:0, а по вториот пораз во низа со ист резултат, тренерот им рекол на играчите дека заминува од клубот. Челниците на клубот се обиделе да го убедат да ја смени одлуката, но тренерот не го прифатил тоа.
„Црно-белите“ на табелата во Суперлигата на Србија имаат 21 поен помалку од Црвена ѕвезда, за зад второпласираниот Раднички заостануваат 14 бода.
Инаку, Партизан во среда, ќе го одигра првиот четврт-финален меч во Купот на Србија против Напредак од Куршевац.