Top Sport

Најлошиот тим на Западот ги победи шампионите (Видео)

Финикс Санс една од најлошите екипи во НБА лигата, изминатата ноќ приредија вистинска сензација, откако како гости ги победија шампионите Голден стејт Вориорс 113:108.

Вориорс почнаа добро првиот период го добија со 29:16, меѓутоа Санс фатија приклучок во вториот периорд, во кој постигнаа 40 поени. Изедначена борба се водеше во третата четвртина. Клучниот момент во мечот се случи на шест и пол минути до крајот кога при резултат 91;91 се повреди Кевин Дурент.

Во наредните четири минути Девин Букер постигна 15 поени и практично го реши победникот.

Букер ги предводеше Санс до победата со 37 поени, а на спротивната страна се истакнаа Клеј Томпсон со 28 и Кевин Дурент со 25 поени.

Scroll to Top