Вечерва во Лигата на шампионите на програмата се два нови реванш натпревари од осмина-финалната фаза. Рашањата се дали Јувентус можат да ја стигнат негативата од 0:2 против Атлетико и може ли Шалке против Манчестер сити да приреди сензација, каква што минатата недела направија Ајакс и Манчестер Јунајтед?
Централен настан во осмина-финалето е пресметката помеѓу Јувентус и Атлетико Мадрид. Резултатот по првиот меч е 0:2 за Атлетико, поради што Јувентус и Кристијано Роналдо се наоѓаат пред голем предизвик.
Сите надежи на фановите, на Јувентус се вперени во Кристијано Роналдо, кој како играч на Реал на 32 натпревари против „јорганџиите“ постигнал 22 гола.
Еден од адутите на Атлетико во нападот ќе биде Алваро Мората, кој добро го познава окружувањето бидејќи две години со голем успех го носеше дресот на Јувентус.
Тренерите Масимилијано Алегри и Диего Симеоне имаат одредени кадровски проблеми, но се чини дека поголеми се проблемите на тренерот на Атлетико.
Чоло, кој поради непримераната прослава на голот во Мадрид но и дека е поранешен играч на Лацио и Интер, сигурно ќе биде мета на италијанските тифози, во тимот нема класичен лев бек.
Двајцата играчи што ја покриваат оваа позиција Лукас Хернандез и Фелипе Луис се повредени, а дополнителни главоболки му задаваат и суспензиите на Томас Парти и Диего Коста.
Алегри тимот ќе го составува без суспендираниот Алекс Сандро, Хуан Квадрадо поради повреда не е во комбинација, а веројатно од исти причини кај Јувебтус ќе ги нема Сами Кедира и Даглас Коста.
Манчестер сити се апсолутни фаворити против Шалке во реваншот, кој ќе го започнат со предност 3:2. Некое друго сценарио и креирало сензација поголема од она што минатат недела го направија најпрвин Ајакс против Реал во Мадрид, а потоа и Манчестер Јунајтед против ПСЖ во Париз.
Сепак формата во која се наоѓаат двата тима, Сити се борат за титулата во Премиер лигата, а Шалке е во долниот дел на табелата во Бундес лигата, вели дека „граѓаните“ без проблеми ќе го одработат овој дуел.
Натпреварите во Торино и Манчестер ќе започнат во 21 часот.