Бекот на ЛА Клиперс, Лу Вилијамс, испиша нови страници во историјата на НБА лигата. На натпреварот во кој Клиперс ги декласираа Бостон Селтикс 140:115, Вилијамс стана најдобар стрелец во историјата на лигата, кога се во прашање постигнатите поени од клупата за резерви.
Вилијамс во победата над Селтикс постигна 34 поени, со што како резерва, во кариерата стигна до бројката од 11.150 поени. Тој на првото место го престигна Дел Кари, таткото на НБА ѕвездите на Голден стејт Вориорс и Портланд Трејлблејзерс, Стеф и Сет Кари.
Дел Кари во кариерата постигнал 11,147 поени, а трет на оваа листа е играчот на Финикс Санс, Џамал Крафорд со 11.112 поени.
Congrats to @TeamLou23 of the @LAClippers for scoring the most points off the bench in @NBAHistory! #ClipperNation pic.twitter.com/rWLeoSGuuA
— NBA (@NBA) March 12, 2019
Вилијамс (32), во НБА лигата влезе како 45 пек на Филалделфија, на драфтот во 2005 година. Седум години играч за Филалделфија, потоа две сезони минал во Атланта Хокс, сезоната 2014/2015 ја минал во Торонто Репторс, потоа две години играл за ЛА Лејкерс и еден краток период во Хјустон Рокетс, а од пред една година е играч на ЛА КЛиперс.
Вилијамс во 2015 и 2018 година ја добивал наградата за најдобар шести играч (најдобра резерва) во НБА лигата.