Пред 9 месеци францускиот тренер, Зинедин Зидан си отиде од клупата на Реал Мадрид, но по лошите резултати на тимот, реши повторно да се врати на истата позиција.
Екс-играчот на Кралевите, Предраг Пеѓа Мијатовиќ смета дека Французинот е вистинското решение за клубот.
„Зидан има многу личност и карактер во себе. Поминаа 9 месеци откако навистина си отиде. Не знам дали имал проблеми со претседателот, но знаеме зошто се врати, затоа што претседателот го повика. Тоа е мое мислење. Се наоѓа со тимот и сега ќе играат многу повеќе работи. Тоа е компликувана работа. Тој е најдоброто решение, тој е тренерот кој беше многу добар во се, го зема тимот во тежок момент, ја освои титулата и се изгледаше многу добро, изгледаше дека долго ќе остане. Неговиот втор ангажман ќе биде различен од првиот“ – рече Мијатовиќ за шпански „АС“.