Top Sport

Мидо ослабна 37 килограми, повторно е „дечко“!

Поранешниот напажач на Тотенхем, Милдзборо, Вест хем и Ајакс, Ахмед Хосам Хусеин Абделхамид, попопзнат како Мидо се пофали со тоа што ослабнал 37 килограми откако направил драстична промена на својот животен стил.

„Имав 150 килограми и стигнав до моментот во кој не можев да пешачам 30 метри. Кога одев, чувствував болки во грбот, во зглобовите и колената. Се сеќавам пред пет месеци се симнував од мојот брод во Египет, и требаше да стигнеме до еден остров до кој имаше 300 метри. Песокот беше тежок и беше сончево и морав да им кажам на пријателите дека не можам да одам. Морав да седам 30 минути. Имав само 34 години. Два дена подоцна бев на лекар, кој  ми кажа дека сум на работ да станам дијабетичар и дека ако продолжам вака има 80 отсто шанси дека ќе умрам до мојата 40-та година. Ми кажа едноставно: ’Ќе умреш’“, вели Мидо во интервју за „Гардијан“.

Тој реши да ги исфрли јаглехидратите, солта и шеќерот од исхраната и да се врати на тренинзите. Мидо од декември е тренер на саудискиот клуб Ал-Вехда.

 

View this post on Instagram

 

#workout ?????? @newbalance

A post shared by Ahmed Hossam (@ahmedhossammido) on

Мидо како Пабло Ескобар!

Scroll to Top