Top Sport

Мидо како Пабло Ескобар!

Поранешниот напаѓач на Марсеј, Рома и Тотенхем, Египѓанецот Мидо (со вистинско име Ахмед Хосам Хусеин Абделхамид), очигледно ужива во пензионерските денови, ако се погледне неговата нова „профилна“ фотографија на Твитер.

34-годишниот Мидо се повлече од фудбалот во 2013 година по кратката авантура со Барнсли, и четири години подоцна тој е непрепознатлив со фантастични мустаќи кои му донесоа споредби со поранешниот колумбиски мафијаш Пабло Ескобар.

„Кога Мидо престана да игра за Спарс и почна да го глуми Пабло во ’Наркос’“, се запраша еден од фановите.

Scroll to Top