Карпош Соколи го забележаа петтиот пораз во петтиот натпревар од ФИБА Еврокупот, откако со само едно солидно полувреме на руското гостување кај Нижни Новгород, резултатот на крајто беше 95:70 за домашниот тим.
Без Мекфејден и Делиќ во тимот, Карпош имаше одличен старт на мечот, добивајќи ја првата четвртина со 22:19, и заостанувајќи само еден поен на полувремето (47:46), меѓутоа поголемиот избор на играчи на домаќинот се почувствува во второто полувреме за нов пораз во евро-настапите за македонскиот вице-шампион.
За тимот на Ангел Тасевски најефикасен беше Драган Лабовиќ со 23 поени, Чомагиќ имаше 18, додека Соколов заврши на 11. За домаќините, Александер Захаров уфрли 30 поени и имаше 11 скока.