Top Sport

Конечно е официјално – Вентура доби отказ

Џампјеро Вентура веќе не е селектор на Италија по „националната катастрофа“, елиминацијата од Шведска во баражот за пласман на Светското првенство.

„Аѕурите“ не се на Мундијалот првпат од 1958 година по 0:0 ремито на „Сан Сиро“ кое дојде по 1:0 поразот во Стокхолм. Вентура одби да даде оставка по елиминацијата, велејќи дека треба да разговара со претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Карло Тавекио.

„Не дадов оставка, бидејќи не се сретнав со луѓето од федерацијата. Има многу за размислување. Се извинувам на Италија, но само за резултатот, не и за трудот кој го поставивме“, изјави тогаш 69-годишниот Вентура.

Вентура го замени Антонио Конте по успешниот настап на Евро 2016, каде што загубија од Германија на пенали во четврт-финалето. Во година и пол на чело на репрезентацијата, Италија не успеа да обезбеди директно место од групата Г (одигрувајќи меѓу другото и 1:1 со Македонија во Торино), и мораше да игра бараж со Шведска.

„Првата точка на состанокот на ФИГЦ беше околу водството на ‘аѕурите’ и од денеска, Џампјеро Вентура веќе не е селектор на националниот тим“, вели соопштението од ФИГЦ.

Вентура нема да поднесе оставка

Аrrivederci azzurri – Италија ќе гледа СП само на телевизија!

Scroll to Top