Денес започнува втората фаза на продажба на билети за светското првенство во фудбал, кое на 14.јуни 2018 година ќе започне во Русија.
ФИФА продажбата на билети ќе ја започне во 10 часот по македонско време, а влезниците ќе се продаваат по принципот „кој прв се пријави добива влезница“. Оваа фаза ќе се одвива во реално време, односно оној кој ќе аплицира веднаш ќе добие потврда дека го купил билетот.
Втората фаза на продажба на влезници ќе трае до 28.ноември.
ФИФА соопшти дека влезниците можат да се купат на три начини: за одреден натпревар во рупите, иако групите се уште не се извлечени, за одреден стадион, односно за одредена репрезентација.
Една особа ќе може да аплцира за најмногу четири влезници, а тие ќе се продаваат страницата www.fifa.com/tickets.
Инаку во првата фаза ФИФА продаде 622.117 влезници, при што 57 отсто од билетите заврпиле кај руските навивачи. Во првата рунда, во која влезниците се делеа на лотарија, ФИФА добила 3,49 милиони пријави.
До почетокот на Мундијалот ќе биде одржана уште една фаза на продажба на влезници, која ќе биде поделена во два дела – првиот ќе трае од 5.декември до 31.јануари наредната година, а вториот од 13.март до 3.април 2018 година.
ФИФА обезбеди и продажба на билети во „последна минута“, а тоа ќе се случува од 15.април до 18.мај 2018 година.
Цените на влезниците се движат од 87,5 до 917 евра, додека влезниците од посебната четврта категорија се само за руските државјани и ниванат цена се движи 18 до 102 евра.
Сите нанвивачи кои ќе патуваат за Русија ќе мора да поднесат барање за „ФАН ИД“, бесплатен документ за идентификација, кои го бараат руските власти. „ФАН ИД“ овозможува безвизен влез во Руската Федерација и бесплатна употреба на јавниот превоз на денот на натпреварот.