Напаѓачот на Манчестер јунајтед Ромелу Лукаку се запиша во историјата на белгискиот фудбал. Лукаку постигна гол против Јапонија во пријателскиот дуел и со 31 гол на 65 одиграни натпревар стана најдобриот стрелец во историјата на Белгија.
Лукаку зад себе ги остави Бернард Вуруф (30 голови), Пол ван Химст (30), односно Јосеф Мерманс (28) и Марк Вилмотс (28).
Меѓутоа, ФИФА рекородот не го признава бидејќи го има поништено пријателскиот натпревар помеѓу Белгија и Луксембург на кој Лукаку постигна три гола. Имено, белгискиот селектор на тој меч направил седум измени, односно една повеќе од она што го дозволува ФИФА на пријателски натпревари.