Џонатан Барнет, менаџерот на фудбалерот на Реал Мадрид Герет Бејл, рекол дека желбата на неговиот клиент била кариерата да ја заврши на „Сантијаго Бернабеу“.
Барнет дополнил дека Бејл немало да брза со одлуката околу евентуалното заминување, туку ќе почекал да ги слушне плановите на Зинедин Зидан.
2Герет сака до крајот на кариерата да остане во реал. Доколку тоа не се оствари тогаш ќе започнеме преговори. Го очекува разговор со Зидан. Тоа е она што е неопходно за почеток. Ќе видиме како тоа ќе изгледа на крајот од сезоната“, рекол Барнет.
На прашањето дали знае што е причината за лошиот однос помеѓу неговиот клиент и Зидан, Барнет рекол.
„Герет сакаше да игра на еден начин, Зидан сакаше нешто поинакво. Тоа беше причината за нивното несогласување. Како времето одминуваше односот им се влошуваше“.
Оваа сезона, особено во последните два месеци, Бејл не е во добри односи со соиграчите, но и со навивачите на Реал.
„Тој е добра личност. Не го интересира што пишуваат медиумите. Не е засегнат од свирежите што доаѓаат од трибините“, тврди менаџерот на Бејл, Барнет.