Светското првенство во Русија наредната година ќе е игра во 11 градови на 12 стадиони и во седум термини.
Во Русија има 11 различни временски зони, а првенството ќе се игра во четири, но термините нема да им прават проблеми на европските фанови.
Натпреварите ќе стартуваат од 11 часот.
Отоврањето на турнирот на 14.јуни на кој ќе игра домаќинот ќе биде во 16 часот по македонско време, а во истиот термин ќе започне и финалниот меч.
Натпреварите во групите ќе се играат во седум различни термини. Натпреварите од првите две кола ќе започнуваат во 11, 13, 14, 16, 17, 19 и 20 часот, а решавачките дуели од третото коло ќе се играат во термините од 15 и 19 часот.
Осмина-финалните и четврт-финалните натпревари исто така ќе се играат во два термини (15 и 19 часот), а полу-финалните дуели ќе се играат од 19 часот.
Финалето ќе се одигра на 15.јули од 16 часот по македонско време.