Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо ќе ја предводи својата репрезентација на почетокот на квалификацискиот циклус за пласман на ЕУРО 2020. Роналдо се враќа во националниот тим, откако не играше во Лигата на Нации.
Кристијано Роналдо, ќе ја предводи Португалија на натпреварите против Украина и Србија на 22 и 25 март. Двете средби Португалците ќе ги одиграат на домашен терен.
На списокот на селекторот Фернандо Сантош има 25 фудбалери, а дебитанти се Диего Соуза од Брага и тинејџерот Жоао Феликс од Бенфика.
Голмани: Патрисио (Вулверхемптон), Бето (Гезтепе), Хосе Са (Олимпијакос)
Одбрана: Пепе (Порто), Жоао Кансело (Јувентус), Семедо (Барселона), Хосе Фонт (Лил), Рубен Дијаз (Бенфика), Марио Руи (Наполи), Рафаел Гереиро (Дортмунд)
Среден ред: Данило Переира (Порто), Рубен Невеш (Вулверхемптон), Жоао Мутињо (Вулверхемптон), Вилијам Карвалјо (Бетис), Бруно Фернандеш (Спортинг), Пизи (Бенфика), Жоао Марио (Интер).
Напад: Роналдо (Јувентус); Жоао Феликс (Бенфика), Андре Силва (Севилја), Бернанрдо Силва (Манчестер сити), Гонзало Гуедеш (Валенсија), Рафа Силва (Бенфика), Диого Жота (Вулверхемптон), Диего Соуза (Брага)