Германскиот селектор Јоаким Лев ја бранеше својата одлука да ги отстрани ветераните на Баерн Минхен, Џером Боатенг, Томас Милер и Матс Хумелс од репрезентацијата, велејќи дека нивното време едноставно поминало.
Лев го именуваше првата селекција во петокот по контроверзната одлука да ги остави тројцата фудбалери кои ја освоија светската титула со Германија во 2014 година, и за пријателскиот со Србија и квалификацискиот меч против Холандија, тимот ќе го предводат Лирој Сане и Марко Ројс.
„Не ги исфрливме бидејќи тие не направија ништо лошо. Чудно ми е што некои велат такво нешто. Емоционално, одлуката беше многу тешка. Овие фудбалери беа многу важни за мене, и тоа не само како фудбалери, туку и како личности“, вели Лев.
Од шампионскиот тим од 2014 година во германската репрезентација останаа само Мануел Нојер, Тони Крос и Матијас Гинтер.