Top Sport

Инфантино не се предава – ќе има Светско клупско првенство во 2021, СП во 2022 можеби со 48 репрезентации

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино вели дека неговата организација останува на планот за Светско клупско првенство со 24 клуба во 2021 година, и покрај тоа што големите клубови се против оваа идеја.

Според Инфантино, ФИФА ја направило оваа одлука на состаноко на Советот на ФИФА во петокот, откако Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) во писмо побара да не се носи одлука сега и дека големите европски клубови нема да учествуваат на турнирот во 2021 година.

Во писмото објавено во германскиот весник „Зидојче цајтунг“ и потпишано од 15 членови на бордот на ЕЦА, вклучувајќи клубови како Барселона, Манчестер јунајтед и Ајакс, претседателот на ЕЦА и на Јувентус, Андреа Ањели се објаснува дека во моментов такво натпреварување е неприфатливо.

Инаку, Инфантино се повлече од идејата за Лига на нации како „копија“ на натпреварувањето на УЕФА, бидејќи едноставно нема место во фудбалскиот календар за такво натпреварување. Конечната одлука ќе ја донесе Конгресот на ФИФА во јуни.

Исто така, Инфантино останува на планот да се преговара со организаторите на Светското првенство во 2022 година во Катар турнирот да се прошири на дури 48 репрезентации, од оригиналните 32.

Scroll to Top