„Оригиналниот“ Роналдо останува еден од најдобрите фудбалери во историјата на спортот и легендарниот Бразилец неодама беше запрашан да го направи својот идеален состав, и иако не издржа и се постави себеси во овој тим, се работи за 11 фудбалери против кои би било тешко да се игра.
Тој го избра ветеранот на ПСЖ, Џанлуиџи Буфон на голот, во одбраната тука се неговите двајца сонародници Роберто Карлос и Кафу, како и италијанските легенди Фабио Канаваро и Паоло Малдини, во средниот ред се „наредени“ Диего Марадона, Зинедин Зидан, Лео Меси и Андреа Пирло, додека во нападот покрај Пеле е самиот „дебелко“. Интересно, нема место за „другиот“ Роналдо – Кристијано.
#Ronaldo with his all-time best XI? pic.twitter.com/ryPwT2V19b
— FootyRoom (@footyroom) March 14, 2019