Top Sport

Мото ГП мешаница – сега Дукати ќе се жали за легалноста на мотоциклот на Хонда

Мото ГП сезоната по само една трка донесе толку многу контроверзи кои можат и да се зголемат, откако Дукати најавија дека тие можеби ќе протестираат против ривалите од Хонда по случките на првата трка од сезоната во Катар.

На Лосаил триумфираше Андреа Довициозо, но Хонда беше еден од четирите тимови кои протестираа за легалноста на мотоциклот на Дукати, односно за додатокот пред задното тркало на Десмоседичи ГП19 мотоциклот. Протестот прво беше отфрлен од стјуардите, но сега ќе одлучува апелациониот суд на Светската мотоциклистичка федерација (ФИМ) пред следната трка во Аргентина.

Техничкиот директор на Дукати, Џиџи Дал’Иња вели дека најмногу е налутен од учеството на Хонда во протестот, а не толку од учеството на Априлија, Сузуки или КТМ.

„Изненаден сум од однесувањето на Хонда, бидејќи не само што е ривал во шампионатот, туку е еден од основачите на модерната Мото ГП со Дукати и Јамаха, кои не протестираа. Немам што да кажам за КТМ и Априлија, но да бев на нивно место ќе ги посветев силите кон развивање на нивните мотоцикли. Сузуки и Хонда можат да добијат нешто од оваа дисквалификација“, вели Дал’Иња.

Тој додава дека легалноста на мотоциклот е потврден од техничкиот директор на Мото ГП, Дени Олдриџ и затоа зачудува односот на Хонда.

„Досега, техничките несогласувања се решаваа преку асоцијацијата на производители или со разговор со техничкиот директор. Фактот што Хонда реши да оди вака, дава можност ние да се жалиме за нивниот мотоцикл. Нивните крила се опасни за нас, на пример“, додава Дал’Иња.

Мото ГП победата на Дукати во Катар останува „условна“

Scroll to Top