Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа осум натпревари, а вечерта ја обележаа монструозните партии на Џејмс Хареден (Хјустон), Џулиус Рендл (Њу Орлеанс) и Јанис Адетокумбо (Милвоки).
Хјустон Рокетс се изнамачија пред својата публика со најлошиот тим во Западната конференција, Финикс Санс (108:102). Неизвесниот натпревар го реши индивидуалниот квалитет на Харден на кого еден скок му недостигаше за трипл-дабл.
„Брадата“, мечот го заврши со 41 поен, 9 скока, 11 асистенции и 6 украдени топки. Финикс ги предводеше Девин Букер со 29 поени.
Грчкиот репрезентативец Јанис Адетокумпо го предводеше најдобриот тим во лигата, Милвоки Бакс до убедливата победа над Мајами Хит 113:98. „Фрик Грик“ мечот го заврши со 33 поени, 16 скока и 9 асистенции.
Њу Орлеанс Пеликанс беа поразени од Портланд Трејлблејзерс 122:110. Портланд го предводеше Демијан Лилард со 24 поени, додека кај Пеликанс најдобриот меч во кариерата го одигра Џулиус Рендл (45 поени, 11 скока, 6 асистенции).
Детроит Пистонс-ЛА Лејкерс 111:97
Филалделфија-Сакраменто Кингс 123:114
Вашингтон Визардс-Шарлот Хорнетс 110:106
Сан Антонио Спарс-Њујорк Никс 109:83
ЛА Клиперс-Чикаго Булс 128:121.