Фудбалерот Кристијано Роналдо и кошаркарот Леброн Џејмс ја предводат листата на најпознатите светски спортисти што редовно ја објавува ЕСПН.
Оваа медиумска куќа секоја година спроведува анкета и објавува листа на најпознатите спортиски. Репер се спонзорските договори, колку следбеници имаат на социјалните мрежи и колку често се „гуглаат“ нивните имиња.
Листата ја предводи Роналдо, пред Леброн, а зад нив се Лионел Меси, Нејмар и ММА ѕвездата Конор Мекгрегор.
Роџер Федерер е на шестото место, а во Топ 10 се Вират Коли (крикет), Рафа Надал (тенис), Стеф Кари (кошарка) и Тајгер Вудс (голф).
Единствената дама во Топ 20 е Серена Вилијамс која се наоѓа на 17 место.
Пласман од 11 до 20 место: Кевин Дурент (кошарка), Пол Погба (фудбал), МС Дони (американски фудбал), Килијан Мбапе (Фудебал), Хабиб Нурмагмедов (ММА), Антоан Гризман (Фудебал), Серена Вилијамс (тенис), Јуврај Кинг (крикет), Месут Езил (фудбал) и Новак Ѓоковиќ (тенис).