Еден од најпочитуваните луѓе во фудбалскиот Севилја, Рамон Родригез Мончи, во понеделникот официјално се врати на позицијата спортски директор.
Мончи или како што многумина го нарекуваат трансфер-гуру, поднесе оставка во Рома, откако италијанскиот тим доживеа елиминација во Лигата на шампионите.
Иако се поврзуваше со Арсенал, Мончи решил да ја одбие понудата од Лондон и да се врати дома, на местото каде ги постигна најголемите успеси во кариерата. Како спортски директор, поранешниот голман на Севилај, даде голем придонес до освојувањето на трите трофеи во Лига Европа.
„Решив да го преземам спортскиот проект во кој најмногу верувам. Тој проект се вика Севилја. Имам должност да се воложам себе си во клобот што најмногу го сакам. Виктор Орта (спортскиот директор на Лидс) ми кажа дека „Кум 2“ е подобар филм од „Кум1“, рекол Мончи на офоицијалната промоција.
„Не дојдов никого да спасувам, ниту дојдов поради проблемите со кои е соочена Севилја. Тука сум поради идејата што ми беше презентирана и која е иста со мојата идеја, а се однесува на иднината на Севилја“, рекол Мончи.
Севилја, во петокот, по елиминацијата од Лига Европа, му врачи отказ на тренерот Манчин, а на неговорот место го постави човекот на лија функција дојде Мончи, Хоакин Капарош.
? José Castro: "Le hemos presentado un proyecto de futuro que le ha convencido para estar hoy aquí. Sabemos que traemos al mejor director deportivo."
? https://t.co/wUIbuYIDW9
? https://t.co/EfeFhheZKn #vamosmiSevilla #WeareSevilla pic.twitter.com/gFS8YHV190— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) March 18, 2019