Top Sport

Насри не знае дали ќе продолжи со „чеканите“

Францускиот ветеран Самир Насри не знае дали ќе остане во Вест хем, откако краткорочниот договор завршува на крајот на сезоната. Поранешниот фудбалер на Арсенал, кој во 2017 година доби шестмесечна суспензија поради допинг, која подоцна беше продолжена на 18 месеци, се врати на терените во јануари со шестмесечен договор со лондонскиот клуб.

„Не знам што ќе донесе иднината. Имам седум меча пред мене и сакам да играм без повреда и потоа ќе видиме што ќе се случи. Најважно е што се вратив на теренот“, вели Насри во интервју за „Ивнинг стандард“.

31-годишниот Французин, кој освои две титули со Манчестер сити, пропушти четири меча со повреда на бутниот мускул, за која вели дека е поради недостатокот на натпревари.

„Се повредив бидејќи не бев навикнат да играм меч секоја недела и направив долга пауза. Сега нема проблеми“, додава Насри.

Scroll to Top