Трансферот на напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ, во летниот преоден рок ќе биде приоритет на Барселона, објави радиото „РАЦ1“. Според овој извор веќе биле воспоставени контакти помеѓу клубот и менаџерот на српскиот репрезентативец.
Новинарот на радиото, Џерар Морено, тврди дека луѓето од Барселона, минатата недела во Милано оствариле контакт со луѓето што ја водат кариерата на Јовиќ.
Преставниците на Барселона биле задоволни од она што го виделе во Милано. Јовиќ со својот гол им овозможи на Ајнтрахт да го елиминираат Интер во осмина-финалето во Лига Европа.
Српскиот репрезентативец сезонава има постигнато 22 гола на 36 натпревари, а Барселона сака да го донесе како замена за Луис Суарез.
Сума што Барселона би требале да ја платат не е дефинирана и изнесува помеѓу 40 и 60 милиони евра.