Јувентус веќе го направиле првиот приод кон Ајнтрахт Франкфурт за трансфер на францускиот напаѓач Себастиен Халер, чија цена по одличната сезона е најмалку 40 милиони евра.
Според „Тутомеркато“, Халер, кој има 14 гола во 26 меча од Бундеслигата оваа сезона, толку ги импресионирал првите луѓе на италијанскиот шампион, што тие веќе направиле првични контакти преку директорот Фабио Паратичи.
Халер ќе наполни 25 години во јуни оваа година, и иако за него нема место во француската репреззентација, тој ја претставуваше Франција во различните младински репрезентации, вклучувајќи ја и У-21 репрезентацијата.
Халер во Ајнтрахт прави пеколно партнерство со српскиот напаѓач Лука Јовиќ, кој пак е на мета на Барселона, така што „орлите“ од Франкфурт можат да останат без своето ударно дуо, но од друга страна и да го наполнат буџетот на клубот.