Репрезентацијата на Каталонија под водство на Жерард Лопез ја очекува пријателски меч со Венецуела и тој неочекувано се обидел во репрезентацијата да го повика фудбалерот на Реал Мадрид, Маријано Диаз.
Диаз, сепак, ја одбил понудата, иако се заблагодарил за интересот решил да остане во шпанската престолнина и да продолжи со тренинзите. Не е јасно дали тој во предвид ја имал и реакцијата на дел од навивачите на Реал Мадрид, а исто така постоела можност Реал да не му дозволат да замине за мечот во понеделник.
Диаз, кој има потекло од Доминиканската Република, е роден во Каталонија и во во минатото играше за каталонските клубови Бадалона, Премија де Мар и Еспањол во јуниорските категории. Диаз се мачи со повреда оваа сезона и има одиграно само 49 минути во 2019 година.