Актуелниот шампион од Евролигата, Реал Мадрид се намачи со Армани Милано за на крај да стигне до 92:89 победа во 27. коло од Евролигата.
Гостите имаа фантастично прво полувреме, а посебно прва четвртина и на одмор отидоа со 56:50 предност, пред „кралскиот клуб“ да се врати и да ја забележат 21. победа оваа сезона со што останаа на третото место зад Фенербахче и ЦСКА Москва.
Жалгирис пак, направи фантастичен кам-бек во третата четвртина за трилер 85:83 победа над Макаби Тел Авив за да ги заддржат шансите за пласман во плеј-офот. Артурас Миланкис со тројки на 1:40 пред крајот беше клучна, бидејќи двата тима не успеаја да постигнат поени сѐ додека Томас Валкап на 10 секунди не искористи две слободни фрлања за да ја обезбеди победата за литванскиот клуб.
Лео Вестерман ги предводеше гостите со 16 поени, Валкап додаде 14, а Брендон Дејвис и Мариуш Григонс имаа по 12 поени, додека за Макаби Тарик Блек и Скоти Вилбекин имаа по 18 поени. Жалгирис сега има 12-15 скор, со што се израмнети со Макаби, но двата тима заостануваат две победи зад осмото место, последно кое носи во плеј-офот.
ЕВРОЛИГА, 27.КОЛО
Дарушафака – Химки 91:85 (17:23, 31:23, 15:19, 28:20)
Панатинаикос – Басконија 72:70 (26:10, 22:17, 8:21, 16:22)
Макаби Тел Авив – Жалгирис Каунас 83:85 (23:19, 22:17, 14:21, 24:28)
Реал Мадрид – Армани Милано 92:89 (19:33, 31:23, 24:19, 18:14)