Барселона добива жестока конкуренција во трката за напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурд, Лука Јовиќ. Медиумите, повикувајќи се на порталот „Футмеркато“ (footmercato) кој е специјализиран за фудбалските трансфери, тврди дека челниците на Пари Сен Жермен ќе се обидат да го донесат српскиот репрезентативец на „Паркот на Принцовите“.
Интересот за Јовиќ е зголемен по синоќешниот негов добар настап на пријателскиот натпревар помеѓу Германија и Србија (1:1). Јовиќ со гол дебитираше за Србија.
Шпекулациите се дека Ајнтрахт, откако ќе го откупи договорот на Јовиќ од Бенфика за шест милиони евра, за напаѓачот ќе побара 60 милиони евра.
Наводно, менаџерот на фудбалерот постигнал договор со Барселона, но работата че се обидат да ја „минираат“ од Париз. ПСЖ, според медиумите ќе понудат 70 милиони евра како обесштетување, а играчот во Париз може да добие многу повисока плата од онаа што му била понудена од Барселона.
Покрај Барселона и ПСЖ интересот за Јовиќ не го кријат Барн Минхен и Манчестер сити. Јовиќ оваа сезона има постигнато 22 гола на 36 одиграни натпревари.
Le #PSG débarque dans le dossier Luka Jovic (Sport)https://t.co/bK7sAJyqz6
— CulturePSG (@CulturePSG) March 21, 2019