Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ) официјално го најави формирањето на новото натпреварување, Лига на нациите.
Ова натпреварување ќе биде замена за Светската лига во машка, односно Гран при серијата во женска конкуренција и ќе стартува во 2018 година.
Во Лигата на нации ќе учествуваат 12 машки и женски тимови, а четири екипи ќе аплицираат за да можат да се борат за место во елитното друштво.
Двете најлошо пласирани репрезентации по завршувањето на турнирскиот дел, своите места ќе им ги препуштат на тимовите од втората дивизија. Победникот на Лигата на нации ќе биде одлучен на завршен турнир, наречен „Фајнал сикс“.
Лига на нации, учесници:
Мажи: Русија, Бразил, Италија, САД, Кина, Србија, Франција, Аргентина, Иран, Полска, Германија, Јапонија.
Апликанти: Австралија, Јужна Кореја, Канада, Бугарија
Жени: Русија, Бразил, Италија, САД, Кина, Србија, Холандија, Тајланд, Турција, Јужна Кореја, Гемранија, Јапонија.
Апликанти: Аргентина, Доминиканска Република, Полска, Белгија. н.ц.