Англискиот репрезентативец Хари Мегваер, по завршувањето на сезоната, ќе го напушти тимот на Лестер. Дефанзивецот од лани е мета на Манчестер Јунајтед.
Лестер нема да го пушти Мегваер за помала сума од 65 милиони фунти, а како што пренесуваат англиските медиуми челниците на Јунајтед наредните денови ќе испратат понуда.
Клучен за реализацијата на трансферот треба да биде менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер, кој изјавил дека „Мегваер е вистинскиот човек за Јунајтед“.
Хари Мегваер, во 2017 година за сума од 17 милиони фунти, од Хал се пресели во Лестер