Top Sport

Младите поразени од Украина

Благоја Милевски со пораз го започна вториот мандат на клупата на младата фудбалска репрезентација на Македонија. Селекцијата У-21, на почетокот на „Анталија куп“, загуби од Украина со 3:1.

Македонските надежи одиграа просечен натпревар, поради што и беа поразени од Украинците кои беа конкретни во нападите и реализицијата на гол-шансите. Украина постигна голови во 7, 70 и 84 минута, а минута подоцна Македонија го постигна почесниот гол.

Милевски мечот го започна со: Божиновски, Антовски, Руфати, Личина, Ристовски, Атанасов, Абаз, Здравковски, Трапановски, Митровски, Тодорски.

Следни противници на Македонија ќе и бодат Летонија (24 март) и Естонија (26 март).

фото/ffm.mlk

Scroll to Top