Кошаркарите на Хјустон Рокитс, во дербито на Тексас, ги победија Сан Антонио Спарс 111:105, благодарение на неверојатната партија н Џејмс Харден.
„Брадата“, пресметката со големите ривали од Тексас ја реши со 61 поен (19/34 од поле), 9/13 тројки).
Дека Харден нема намера да им дозволи на Спарс да ја продолжат победничката серија, покажа во првата четвртина. Во овој период тој постигна 27 од 36 поени на тимот. На полувреме имаше 37 поени, а на крајот од мечот го израмни рекордот на франшизата.
Со деветте постигнати тројки дојде до бројката 1979 и се искачи на десеттото место на вечната листа во НБА лигата.
Рокетс се трети на Западот со скор од 46 победи и 27 порази, а Спарс се на осмата позиција со 42/31.