Top Sport

Леброн по 14 години нема да го „види“ плејофот (Видео)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс и теоретски останаа без шанси да се борат за пласмна во плејофот во НБА лигата. Изминатата ноќ Лејкерси се поразени од Бруклин Нетс 106:111.

Славната франшиза од Лос Анџелес има 31 победа и 41 пораз во досегашниот дел од првенството и се наоѓа на 11 место во Западната конференција.

Лејкерс, минатото лето се засилија со Леброн Џејмс, меѓутоа ниту тој не успеа да го однесе тимот во разигрувањето. „Кралот Џејмс“ прв пат по 14 години нема да игра во плејофот. Во 2005 година тој како играч на Кливленд Кавалирс. Џејмс во изминатите осум сезони редовно играше во големото финале.

Против Бруклин, Џејмс, одигра одличен натпревар и една асистенција му недостигаше за трипл-дабл (25 поени, 14 скока, 9 асистенции).

Мечот го обележа центарот на Лејкерс, Џавал Мекги, кој го одигра најдобро во кариерата (33 поени, 20 скока, 6 блокади).

Scroll to Top