Изминатиот викенд Лионел Меси, одигра брилијантен меч против Бетис. Сам и ја донесе победата на Барса со чет-трик. Две недели претходно три гола Меси постигна и против најголемиот ривал на Бетис, Севилја.
Од трите гола што го постигна против Бетис, особено се издвојува последниот, кога Аргентинецот го лобуваше голманот Пау Лопез.
Британскиот „Дејли Експрес“, во саботата објави дека натпреварот го гледал и Кристијано Роналдо, а наводно на своите пријатели им рекол.
„Го видов хет-трикот на меси против Бетис. Тој е одличен, особено третиот гол, неверојатен е. Меси е најдобриот играч во светот, но јас сум пред него“.