Top Sport

Мексиканците убедливи против Чиле, минимален триумф на Перу (Видео)

Мексико го победија Чиле, а Перу беа подобри во Парагвај, во контролни натпревари што се одиграа во САД.

Херардо „Тата“ Мартино со победа дебитираше на клупата на Мексико. „Сомбрероси“, во Сан Диего, убедливо го победија Чиле со 3:1.

Првиот дел заврши без голови, а Мексиканците во вториот дел постигнаа гол во 52 минута. Раул Хименез, играчот на Бенфика кој оваа сезона игра во Вулверхемптон беше прецизен од белата точка.

Морено во 64 минута го постигна вториот гол, а „Чуки“ Лозано, играчот на ПСВ Ајндховен во следниот напад зголеми на 3:1. Единствениот гол за Чиле го постигна Кастилјо во 69 минута.

Пери на „Ред Була Арената“ во Херисон минимално ја победи репрезентацијата на Парагвај. Голот што го реши победникот го постигна Синкота во 31 минута.

Scroll to Top