Каталонскиот весник „Спорт“ вечерва ја објави првата трансфер бомба за летниот преоден рок. Според овој медиум, Еден Азар ја прифатил понудата на Реал Мадрид.
Азар од наредната сезона ќе игра на „Сантијаго Бернабеу“, за плата од 16,5 милиони евра. Реал за трансферот на Челси им пунудиле 80 милиони евра, но таа сума ќе биде поголема, бидејќи клубот од Лондон одредил сума од 115 милиони евра.
Азар е играч на Челси од 2012 година, има одиграно 339 натпревари и постиганот 105 гола.