Шведска и Редпублика Ирска со победи стартуваа во квалификацискиот циклус за пласман на ЕУРО 2020. Шведска ја победи Романија 2:1, а Ирците славеа во Гибралтар 1:0.
Во Ф-групата репрезентацијата на Шбедска ја оправда фаворитсската улога против Романија. „Трите круни“ победникот го решија во првите 40 минути со головите на Кваисон во 33 и Клавесон во 40 минута. Романија само успеа да го намали резултатот преку Кашеру во 58 минута.
Малата, во дуелот на аутсајдерите во групата, ги победи Фарските острови со 2:1, иако последните половина час ги играше со фудбалер помалку.
Нвоко постигна гол во 13 минута, а во 77 минута гол постигана Борг. Фарските острови не реализираа пенал во 64 минута, а Тонесен го постигна голот за оваа репрезентација во 98 минута.
Ирците се мачеа кај аутсајдерот Гибралтар во Д-групата, каде претходно Швајцарија победи во Грузија со 2:0.
Голот за три бода го постигна Хендрик во 49 минута.