Ракометарите на Вардар триумфално минаа низ Загреб и со „една нога“ веќе се во четврт-финалето во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“, вечерва, го совладаа ППД Загреб 27:18.
Избраниците на Гарсија Парнодо во Загреб демонстираа врвна одбрана, која на крајот им ја донесе убедливата победа. Само шесте примени гола на гостински терен во првиот дел, најдобро ја отсликуваат моќта на вардаровата 6-0 зона. Загреб во интервал од 15 минути (13 до 28 минута) постигна само еден гол.
По 14-6 во првиот дел јасно беше во каква насока се движи натпреварот. Загреб се обиде во вториот дел, кој Вардар го доби со „само“ еден гол.
Блескаше на голот на Вардар голманот Милосављев со 14 одбрани, додека нападот го предводеа Киштопанс и Карачиќ со пет, односно Мораеш со четири гола.