Top Sport

Дончиќ и Дирк ги „утепаа“ со тројки шампионите, Хорнетс ги „боцнаа“ Селтикс (видео)

Лука Дончиќ го забележа својот шести трипл-дабл оваа сезона, за Далас маверикс да „експлодираат“ со 74 поени поени во првото полувреме за убедлива победа од 126:91 на гости кај НБА шампионите, Голден Стејт вориорс.

Дирк Новицки имаше пет тројки, додека Дончиќ и Макси Клебер постигнаа четири, за Маверикс да постигнат неверојатни 21 тројки (еден помалку од рекордот на тимот).

Поразот е втор домашен во низа за Вориорс, кои решија да ги одморат Стеф Кари, Шон Лигинвгстон и Ендру Богут, а разликата од 35 поени е најголем дома оваа сезона за Вориорс.

Кемба Вокер имаше 36 поени, 11 скока и 9 асистенции за Шарлот хорнетс да се вратат од негатива од 18 поени во последната четвртина за спектакуларна 124:117 победа над Бостон селтикс.

Хорнетси го завршија мечот со 30-5 серија, откако губеа 112:94 на 8:21 пред крајот на мечот. Вокер беше клучен кошаркар, и со неговата тројка на 1:19 пред крајот се запечати водството на домашниот тим.

Хорнетс исто така добија 20 поени од Мајлс Бриџис, додека Марвин Вилијамс и Малик Монк имаа по 13 поени. Шарлот (33-39) сега има две победи во низа, а Селтикси (43-30) три порази во низа.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Вашингтон – Мајами 108:113

Атланта – Филаделфија 129:127

Чикаго – Јута 83:114

Мемфис – Минесота 99:112

Голден Стејт – Далас 91:126

Портланд – Детроит 117:112

Сакраменто – Феникс 112:103

Атланта – Филаделфија 129:127

Scroll to Top