Најдобриот бугарски боксер, Кубрат Пулев (27-1, 14 КО) ја забележа својата најтешка и најкрвава победа, откако во седмата рунда го нокаутираше романскиот тешкаш Богдан Дину (18-2, 14 КО) во интересна пресметка во Калифорнија.
Пулев, кој пред две години се повлече од мечот за титулата против Ентони Џошуа поради повреда, во четвртата рунда доби повреда на аркадата, но успеа да се соземе и да го нокаутира Дину по 2:40 во седмата рунда.