Турција ја забележа втората победа на стартот на квалификациите за Европското првенство во 2020 година, откако во Ексишехир со 4:0 беше подобар од аутсајдерот Молдавија.
Напаѓачот на Евертон, Ченк Тосун постигна два гола, Ајхан и Калдирим дадоа по еден, а победата можеше да биде и поубедлива доколку Бурак Јилмаз го искористи пеналот во второто полувреме.
Ова е втор триумф на Турција по тој на гости кај Албанија (кој го чинеше албанскиот селектор Кристијан Панучи позицијата), за добар старт, кој е посебно важен бидејќи во нивната група се и Франција и Исланд (кои играат вечерва од 20.45).
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРО 2020, 2.КОЛО
ГРУПА Х
Турција – Молдавија 4:0
Франција – Исланд 20.45 ч.
Андора – Албанија 20.45 ч.
Табела: 1.Турција 6, 2.Франција 3, 3.Исланд, 4.Албанија 0, 5.Андора 0, 6.Молдавија 0