Top Sport

Меси ќе ја чини аргентинската федерација 450.000 евра?

Кам-бекот на Лео Меси во аргентинската репрезентација не помина според планот, откако прво „албиселесте“ загубија од Венецуела со 3:1 во Мадрид во првиот настап на фудбалерот на Барселона за репрезентацијата по осум месеци, по што следуваше откажувањето на настапот за утрешниот пријателски меч со Мароко.

„Иако би сакал да стартува, проблемите со повредите значат дека Меси нема да игра на вториот пријателски меч од интернационалната пауза“, се вели во соопштението на Барселона.

Ова прави проблем на селекторот Лионел Скалони пред Копа Америка ова лето, но и на Аргентинската фудбалска федерација, која ќе загуби драгоцени 450.000 евра поради ова откажување.

Според мароканскиот весник „Ал ахдаз ал Магребија“, федерацијата на африканската земја се согласила на плати 1 милион евра за пријателскиот меч во кој Меси морал да настапи барем 70 минути, но бидејќи тој нема да игра, Мароко ќе плати само 550.000 евра.

Scroll to Top