Фудбалскиот клуб Јувентус на својот официјален сајт ја информираше јавноста за повредата на првиот ас, Кристијано Роналдо кој синоќа во 30. минута го заврши натпреварот на Португалија против Србија откако почувствува болка во бутниот мускул. Повредата ги загрижи многубројните фанови на Роналдо, но и на Јувентус. Сепак самиот фудбалер ја смири ситуацијата и наговести дека паузата за него ќе трае десетина дена.
И Јувентус објави дека повредата не е сериозна.
„Кристијано Роналдо беше подложен на испитувања во Португалија кои покажаа мала повреда на десниот бутен мускул. Неговата состојба ќе биде следена и ќе биде предмет на нови тестови за да утврдиме кога ќе им се врати на натпреварите“ – соопштија од клубот.
Il bollettino medico sulle condizioni di @Cristiano
➡️ https://t.co/fQ2WkfTXD2 pic.twitter.com/sCA6L8RpUN— JuventusFC (@juventusfc) March 26, 2019
На Јувентус на 10 април му претстои првиот четвртфинален натпревар од ЛШ против Ајакс, а реваншот на двобојое ќе биде на 16 истиот месец.