Top Sport

Вашингтон Визардс имаат „кошаркарски Нејмар“ во составот (видео)

Кошаркарот на Вашингтон Визардс, 22-годишниот Томас Брајант во НБА лигата го доби прекарот „кошаркарски Нејмар“.
Причина за тоа е неговата реакција, односно глумата дека е повреден по еден најобиен дуел со кошаркарот на Мајами Хит, Канаѓанецот Кели Олинк.

Олинк на 5 минути пред крајот на мечот само малку го оттурна Брајант, а овој се истркала по паркетот слично како бразилскиот фудбалер кој стана мета на потсмев на зелениот терен.

Погледнете ја целата ситуација:

Scroll to Top