„Мундо Депортиво“, односно новинарот Мигел Рико, тврди дека Баерн испратиле конкретна понуда, од 56 милиони евра, до Ајнтрахт за трансферот на Лука Јовиќ..
Баварците негираат дека испратиле таква понуда, а германските медиуми пишуваат дека главна трансфер цел на Баерн ова лето ќе биде Тимо Вернер.
„Мундо Депортиво е каталонски весник и само тие го поврзуваат Јовиќ со Баерн. Најголем дел од германските медиуми тврдат дека прва мета на Баерн е Тимо Вернер. Поради тоа навивачите на Баерн се скептици, кога станува збор за наводната понуда за Јовиќ, бидејќи Мундо Депортиво е весник што ја има што ја има функцијата на портпарол на Барселона“, пишува порталот „bavarianfootballworks.com“.
Во текстот се додава дека Барселона не треба да биде загрижена од наводниот интерес на Баерн, бидејќи Јовиќ сакал да ја напушти Бундес лигата.
„Сите што ја следат трансфер политиката на Баерн знаат дека раководството го договара трансферот многу пред да упати официјална понуда. Се чини дека целта е да се покаже дека Барселона се бори со гигантите за ова засилување. Тоа е пропаганда. Јовиќ можеби ќе дојде во Баерн, а можеби и не, но нема причина да се верува во овие наводи“, пишува порталот.