Шпекулациите се потврдија, откако Баерн Минхен го комплетираа рекордниот трансфер за бундеслигашот од 80 милиони евра за дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Лукас Ернандез.
Бекот, кој беше дел од француската репрезентација која го освои Светското првенство минатата година, потпиша петгодишен договор со германскиот клуб, каде што ќе му се приклучи на уште еден сонародник, Бенжамин Павар следната година.
Тој е второто засилување за одбраната за Баерн, откако Павар се согласи за трансфер од 35 милиони евра од Штутгарт во јануари.
„Денеска е многу важен ден во мојата кариера. Баерн Минхен е еден од најдобрите клубови во Европа и горд сум што ќе се борам за титули со нив. Им се заблагодарувам на Атлетико, на менаџментот, на тренерите, на фановите за прекрасни 12 години и тој клуб секогаш ќе биде дел од мене“, изјави Ернандез.
Ернандез дебитираше за првиот тим на „рохибланкос“ во 2014 година и имаше 110 настапи, но нема да игра повеќе оваа сезона бидејќи мора да оди на операција на лигаментите на коленото.
Coming soon… #ServusLucas pic.twitter.com/PjOFNvA78Q
— FC Bayern München (@FCBayern) March 27, 2019