Заменикот премиер на Русија, Виталиј Мутко изјави дека е неприфатливо и засрамувачки Русија да учествува на Зимската олимпијада во Јужна Кореја без националното знаме и химната, објави руската новинска агенција „РИА“. Ова им дава „сила“ на шпекулациите дека Русија ќе ги бојкотира следните Олимписки игри.
Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) треба да одлучи за учеството на Русија на Игрите во Пјеонгчанг на состанок на извршниот одбор од 5 до 7 декември, каде што може да биде донесена одлука руските спортисти да се натпреваруваат како неутрални по допинг-обвиненијата и случајот пред Светската анти-допинг агенција (ВАДА).
Мутко посочи дека Русија е подготвена за соработка со ВАДА, но дека за дијалог се потребни две расположени страни.
„Веќе две и пол години сме под постојан притисок на сите интернационални организации под лидерство на Британската анти-допинг агенција, кои не контролираат во сè што правиме. Откако ги исфрливме измамниците од спортот, сè е мирно во нашиот спорт. Никогаш не сме имале систем за допингување и никој не даде таков доказ“, објасни Мутко.
Наместо суспензија, сè поблиску до руски бојкот на Олимпијадата