Потенцијалниот репрезентативец на Србија, Бобан Марјановиќ, за култниот магазин „СЛАМ“, говорел за својот кошаркарски пат. Тој истакнал дека животната приказна може да ја спореди само со филмовите за Роки Балбоа и дека еден ден ќе напише книга.
Марјановиќ е висок 221 сантиметар и поради својот физички изглед често бил исмеван од луѓето.
„Луѓето знаеја да бидат сурови. Не ми помогна тоа што бев повисок од другите, што бев поинаков…Сите мислеа дека имам некаква болест, дека со мене нешто не е в ред…“, рекол Марјановиќ и го открил моментот кога го доживеал најголемото понижување.
„Седев во една мала канцеларија во Нижни Новгород, Русија. Функционерот на клубот само ми ја даде исписницата. Буквално ми кажаа дека не можат да ме замислат како играм кошарка и ми порача да се вратам во своето село. Тоа многу ме повреди“.
Кошаркарот на Филаделфија во НБА лигата, рекол дека луѓето и понатаму ја забележуваат неговата големина, но дека тука повеќе не станува збор само за неговите физички карактеристики.
„Сега забележуваа дека сум голем и како човек. Ми израдува едно девојче кога по еден натпревар ми пријде и ми кажа дека не сум само висок, туку и дека сум голем човек, дека имам големо срце. Сакам и моите деца да станат такви луѓе. Големи, но да стојат со „нозете на земја“. Сакам да бидат херои на нивните приказни…“, рекол Марјановиќ.