Реал Мадрид забрзано се подготвува за летниот преоден рок, во кој како што тврди француски „Лекип“, ќе потрошат 500 милиони евра.
Претседателот на Реал Флорентино Перез бил подготвен на тренерот Зинедин Зидан на му подари нова генерација на „Галактикоси“. Наводно, примарни цели на Реал, покрај Еден Азар од Челси, ќе бидат француските ѕвезди од ПСЖ и Манчестер Јунајтед, Килијан Мбапе и Пол Погба.
Според медиумските шпекулации, работата со Азар веќе била завршена, Погба бил заинтересиран за преселба на „Сантијаго Бернабеу“, а клубот за Мбапе бил подготвен да плати 280 милиони евра.
Во плановите на Зидан бил и Садио Мане од Ливерпул. „Марка“, вчера објави дека крилниот напаѓч покажал желба за трансфер. Според истиот извор Реал за Мане ќе исдвои 85 милиони евра.