Top Sport

Розберг: Ферстапен е екстремен нарцис

„Макс Ферстапен е екстремен нарцис“, рекол светскиот првак во Формула 1 од 2016 година, Нико Розберг.

Сепак, како што вели поранешниот возач на Мерцедес, егоизмот не му претставувал никаков проблем на младиот возач на Ред Бул.

„Макс на пример е пример за нарцис. Често греши. но убеден е дека она што го работи е најдобро. Да се биде таков, кога имате огромен талент, може да биде и моќна сила, може да биде и најсилното оружје во вашата кариера“, рекол Розберг.

Мислењто а Розберг, дека Ферстапен е премногу сигурен во себе и своите можности, го дели и шефот на Мерцедес, Тото Волф.

„Мислам дека некои работи доаѓаат со искуството, а годините му ја носат контролата“, изјавил првиот човек во гаражата на Мерцедес.

Scroll to Top