Top Sport

Зидан: Роналдо и Рамос се почитуваат

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се обиде да ги отфрли сите сомнежи за конфликт во соблекувалната на „кралскиот клуб“ пред градското дерби со Атлетико, велејќи дека Кристијано Роналдо и Серхио Рамос се почитуваат.

Медиумите шпекулираат дека нивните односи заладија поради јавните конфликти пред медиумите, кои почнаа откако Роналдо се жалеше околу „слабеењето“ на тимот со продажбата на играчи како Алваро Мората, Пепе и Џејмс Родригес. На Рамос не му се допаѓаа тие коментари, но Зидан вели дека нема простор за грижа.

„Тоа е нешто што не влијае на нашата игра, знаеме дека околу Реал Мадрид секогаш има многу за зборување. Ние сме смирени бидејќи сме фокусирани на тоа што е најважно – играњето фудбал. Двајцата се многу умни момци и можат да кажат што сакаат. Заедно се со години и освоиле многу заедно. Еден може да каже нешто, а другиот сосема друго, но тоа не е проблем. Нема проблеми меѓу нив. Двајцата се почитуваат меѓу себе“, вели Зидан.

Марка: Врие во соблекувалната на Реал

Scroll to Top